Еден починат од Ковид-19 на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт”

Морнар од американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт” почина денеска од компликации со Ковид-19 на островот Гуам во Пацификот, каде беше вкотвен делумно евакуираниот брод со заразени со коронавирусот, соопшти американската морнарица.

Морнарот, чиј идентитет ниту возраст не е откриен, бил пронајден без свест во петокот за време на секојдневниот лекарски преглед во објектот, достапен на екипажот. Тој бил пренесен на интензивна нега во островска болница, но починал, се наведува во соопштението на американската морнарица.

Тој е првиот починат морнар од носачот на авиони. Вкупно 585 луѓе се заразени на бродот вкотвен во близина на островот Гуам. Околу 4.000 од 4.600 морнари се префрлени на копно.

Треба да знаете
Последни објави