Кинески екперт за Ковид19: И наредната зима ќе седиме дома

Човештвото нема да може целосно да се справи со пандемијата на коронарниотвирус ова лето, а нов бран на болести е можен во ноември, иако нема да биде толку сериозен, смета Џан Венгхун, директорот на Инфективниот оддел во болницата Хуашан, Шангај, експерт за третман на КОВИД-19.

-Се соочуваме со сериозен предизвик по ноември и верувам дека следниот бран на епидемијата може да се случи околу ноември, рече експертот.

Тој рече дека болеста започнала да се појавува во земјите од Јужна Америка, Африка и Југоисточна Азија, поради што, според постојниот математички модел, ова лето нема да можеме да се ослободиме целосно од вирусот, а кога ќе дојде зимата – сите ќе седат повторно дома.

Во врска со ова, Венгхун истакна дека, благодарение на искуството добиено од многу земји за време на тековниот епидемиски бран, особено во областа на дијагностиката, следниот бран на епидемијата нема да биде толку опасен.

-Сепак, на земјите на кои им недостасуваат доволно медицински ресурси, најверојатно ќе им биде тешко да ја преживеат следната зима, вклучително и Африка и Јужна Америка, рече експертот.

Според него, контролата на епидемиолошката состојба во светот не зависи од Кина, САД или Европа – туку од тоа како може да се справат со епидемијата токму од страна на државите кои се најмалку во можност да ја контролираат.

Треба да знаете
Последни објави