Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи го осуди сквернавењето на гробиштата во Камник.
„Комисијата за односи со верските заедници најостро го осудува вандалскиот чин на сквернавење на христијанските гробишта во Камник, Скопско. Изразуваме сочувство до семејствата чии најмили почиваат на овие гробишта, а го споделуваме немирот и револтот по овој нечовечки акт“, се наведува во соопштението.
Комисијата за односи со верските заедници упатува јавен апел до органите на прогонот да ги преземат сите потребни дејствија за поскоро откривање на сторителите, за истите да бидат најостро санкционирани од правосудните органи.
„Изразуваме задоволство од реакцијата на АД Бутел, кое како одговорно правно лице најавува санирање на сите штети врз 62 та гроба на свој трошок, како и од најавата која ја добивме од градоначалникот на општина Гази Баба дека ќе се преземат работи за поставување на видео надзор кој би превенирал повторување на кривичното дело“, вели директорот на Комисијата Даријан Сотировс