Контејнерите ќе се празнат до 21 часот за да исчистат грдите слики со расфрално ѓубре

Откако стапи на сила примената на полицискиот час од 16 до 05 часот околу контејнерите во Скопје почна се создава грда слика со преполни садови за собирање на ѓубрето и со расфрлан наоколу отпад. Контејнерите се преполни бидејќи во овој период ЈП Комунална хигиена работи само во една смена. Од таму за новонастанатат ситуација велат дека во нормалниот период на работење  отпадот се собирал до 5 часот наутро. За време на викендов нивните работнци излегле на теренот и собирале отпад само до 14 часот и тоа од индивидуалните домови.

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов најави дека од утре и во текот на престојниот православен празник Велигден, службите на „ Комунална хигиена“ ќе го собираат ѓубрето во две смени, од 05 часот наутро до 21 часот навечер.

– Ја анализираме состојбата. Во текот на утрешниот ден , од 5 часот наутро, па до 21 часот навечер ќе биде подиган комуналниот смет. „ Комунална Хигиена“ беше институција што работеше во 3 смени, со цел да можеме да го собираме сметот. Ние до пред отпочнувањето на полицискиот час од 16 часот, реално немавме проблеми со подигањето на комуналниот смет, вели градоначалникот Шилегов.

Во Скопје има 6.000 контејнери од кои секојдневно се собира ѓубрето. Дневно комуналните работници на „Комунална хигиена“ подигнуваат околу 500 тони отпад.

Треба да знаете
Последни објави