Кризен штаб Кавадарци бара 25 војници да го чуваат редот во градот

Заради зголемена контрола за спроведување на мерките и препораките од Владата во врска со Ковид-19, Општински кризен штаб Кавадарци донесе заклучок да се побара од Министерството за одбрана отстапување на 25 припадници на АРМ, кои ќе бидат вклучени во процесот на контрола и безбедност на територија на кавадаречката општина.

Ова е само еден од заклучоците кои ги донесе Кризниот штаб на денешниот седми по ред состанок.
Од Штабот ги потсетија вршителите на земјоделска дејност на кој начин можат да обезбедат непречено движење до нивните земјоделски имоти. Истовремено, нагласија дека ќе бидат санкционирани сите злоупотреби.

Информирајќи на прес – конференција за сите донесени заклучоци, градоначалникот Митко Јанчев додаде дека редовно, како и досега, ќе се врши дезинфекција, аеродезинфекција и превенција од пожари. Во Општина Кавадарци, рече тој,  нема некои поголеми нарушувања на мерките во делот на полицискиот час за викендот.

-Со оглед на тоа дека ни беше прв викенд каде што повеќе од 48 часа луѓето беа на некој начин во изолација, земјоделците успеаја да си ги завршат нивните секојдневни дејности со претходната најава на кол центарот и со најавата до Министерството за земјоделие, така што генерално беше во ред и немаме некои поголеми прекршувања. Очекувам да издржиме за велигденските празници,  да бидеме  во домашна самоизолација, по препораките на Владата, со тоа да ја минеме и оваа седмица  и мислам дека од наредната треба веќе да се разлабават сите мерки, изјави Јанчев на прес конференцијата.

Треба да знаете
Последни објави