Миа Фароу ги замоли обожавателите да се молат за нејзината ќерка која е заразена со коронавирус

Миа Фароу ги замоли обожавателите да се молат за нејзината 26-годишна ќерка Квинси, која заврши во болница поради коронавирус.

Познатата 75-годишна актерка и активистка на социјалните мрежи објасни дека нејзината ќерка Квинси, која живее во Хартфорд (Конектикат), побарала помош во болница откако се заразила со коронавирус.

„Лична молба“, ја започна својата објава на „Твитер“. „Ако сте толку љубезни, дали би можеле да ми испратите молитва за мојата ќерка Квинси? Таа денес немаше друга алтернатива освен да отиде во болница за да и помогнат во борбата против коронавирусот“.

 

Фароу не сподели други информации за состојбата на нејзината ќерка, но за неколку минути беше претрупана со пораки за поддршка.

Квинси е едно од 14-те деца на актерката, од кои седум се посвоени. Таа ја посвои Квинси во 1994 година, кога имаше една година, две години откако се раздели од Вуди Ален, пренесува „Дејли мејл“.

https://www.instagram.com/p/B-hrqXog7b4/

Миа Фароу беше во брак со Френк Синатра пред да започне да излегува со контроверзниот режисер Вуди Ален, обвинет за злоупотреба на нејзината ќерка Дилан.

Минатата недела Миа објави фотографија од свадбата на Квинси во 2017 година. „Мојата најмлада ќерка се омажи за убавиот Итан“, напиша тогаш.

Треба да знаете
Последни објави