Пулмологија доби донација од 200 заштитни маски и 48 комплети постелнина

Двесте заштитни маски, како и перници, навлаки за перници, чаршафи и прекривки за 48 болнички кревети доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија. Станува збор за донација од фирмата за постелнини „Студио Цаки – С”, информираа од Клиниката.

– Во моменти на пандемија од Ковид-19 потребно е вклучување на сите поединци и компании за што поуспешно справување со кризата и спречување на ширењето на вирусот, изјавија од фирмата и воедно им посакуваат на сите заболени што побрзо оздравување.

Треба да знаете
Последни објави