Тим Брук-Тејлор почина од коронавирус во 79. година од животот

Актерот и комичар Тим Брук-Тејлор, најпознат од „The Goodies“, почина од коронавирус на 79 години, јавуваат странските медиуми.

Тажните вести ги објави неговиот агент, кој истакна дека му било задоволство што имал можност да работи со него.

„Со голема тага ве информираме дека Тим почина денес, од Ковид-19. Ќе го паметиме по многу работи … Тој имаше многу обожаватели, кон кои секогаш се однесуваше внимателно дури и по долгите и исцрпувачки проби и снимања. Ми беше задоволство да работам со него. Благодарни сме што имаме толку многу негови дела за да ги гледаме, читаме и слушаме. За сето време што го поминал во шоу-бизнисот имал поддршка од Кристина, неговата сопруга“, рече агентот за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави