УНИЦЕФ предупредува дека пандемијата може да биде катастрофална за децата

Пандемијата на коронавирус ја загрозува основната грижа за најсиромашните деца во светот кои живеат во земјите во развој и во кризни области, предупредува УНИЦЕФ.

„Пандемијата е егзистенцијална закана за милиони деца“, рече водачот на УНИЦЕФ, Кристијан Шнајдер, за dpa.

„Само меѓународно координирана акција може да спречи светската здравствена криза да стане катастрофа за децата“, рече тој.

Особено загрижува ширењето на вирусот во преполните бегалски кампови во Грција и Сирија. „Многу деца таму веќе страдаат од потхранетост и претходни болести и имаат слаб имунитет за борба против нови опасности“, рече Шнајдер.

Ова важи и за децата во Сахел и во јужна Африка. Речиси 40 проценти од Африканците дома не се во можност да ги мијат рацете со вода и сапун, што е клучен начин да се запре вирусот. Во Азија, особено загрижува бројот на заразените во Бангладеш.

„Повеќе од 850.000 припадници на Рохинџа живеат таму во преполни бегалски кампови“, рече Шнајдер.

УНИЦЕФ ги повикува владите, компаниите и приватните донатори да направат сé што можат за да обезбедат заштита и грижа за загрозените деца.

Треба да знаете
Последни објави