Шведска одобри ветеринарен анестетик за случаите со Ковид-19

Шведската Агенција за лекови ја одобри употребата на анестетици кои обично се користат за животни за тешки пациенти со Ковид-19 бидејќи снабдувањето со традиционални лекови е слабо.

Според Агенцијата, побарувачката за лек за анестезија „пропофол“ е зголемена во шведската престолнина Стокхолм и неговата примена строго се контролира. Ако залихите се потрошат, на лекарите ќе им биде дозволено да користат лекови што се нормално пропишани за употреба кај животни.

Директорот за здравство во регионот Стокхолм, Бјорн Ериксон, изјави за радиодифузерот „Свериге радио“ дека има недостиг во снабдување со лекови во оваа област.

„Знаеме дека има недостиг од тој лек затоа неговата употреба строго се контролира и се користи само кога е неопходен, а во други случаи, користиме алтернативни лекови“, рече Ериксон.

Маја Марклунд, директорка во Шведската агенција за лекови, призна дека користењето анестетици на животни не е вообичаена постапка.

„Ситуацијата е екстремна зашто одделенијата за интензивна нега имаат зголемена потреба во исто време. Затоа мора да бидеме внимателни и да преземеме дополнителни мерки што не се вообичаени “.

Одобрувањето ветеринарни лекови доаѓа само неколку дена откако Европската агенција за медицина (ЕМА) предупреди дека Европа се соочува со недостиг од лекови како резултат на избувнување на Ковид-19.

Од ЕМА соопштија дека освен седативи и анестетици, европските земји може да забележат недостиг од лекови за маларија како „хлорокин“, за кој се тврди дека е ефикасен кај тешките случаи на Ковид-19.

Во Шведска, која е една од ретките земји што не наметна строги мерки на контрола на движењето, во последниве денови бележи голем пораст на случаите со Коид-19 и смртни случаи, пријавувајќи 10.483 заразени и 899 смртни случаи до неделата.

Треба да знаете
Последни објави