Љупчо Георгиевски со предлог да се направи пауза и Македонија да не работи

Претседателот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски во гостувањето на ТВ 24 изјави дека иако не е штетно што се прогласи вонредна состојба во државава поради епидемијата од коронавирус.

– Мислам дека не е штетно што се прогласи вонредна состојба, меѓутоа таа треба да се користи за поефикасно лидерство за поефикасно менување на законите. Сега знаеме дека владата може да менува закони без Парламент, а тоа многу малку го гледавме досега. Така што многу работи кои што „ад-хок“ гледаме дека не функционираат, треба да се менуваат, па и да се експериментира, да има повеќе грешки, но важно е да се гледа поголемо лидерство, вели некогашниот премиер.

Во однос на рестриктивните мерки и државата кои ги спроведе, тој вели дека неговата партија се залага за комплетно затворање на државата.

– Преку соопштене се заложивме за комплетен „локдаун“ и веројатно во една фаза ќе мораме даго направиме тоа. За нас идеален беше просторот 4 дена пред Велигден и 4 дена по празникот, но тоа сепак се испушти. Мислам дека Владата која сега има можност да нареди што сака во земјава, да даде право на целата економија, заедно со институциите, да земат дополнителни 4 дена од годишниот одмор. И на тој начин ќе се направи една пауза од 10 дена, каде што Македонија нема да работи. Мислам дека тоа можеби е нужно да се направи, еден пресек на целото ширење на вирусот и тоа ќе има позитивни импликации на економијата, затоа што одморите што ги земаме во јули и во август вештачки ќе ги префрлиме во април, смета Георгиевски.

Треба да знаете
Последни објави