Австрискиот министер за здравство Рудолф Ансшобер изјави дека земјата утре влегува во втора, одлучувачка фаза од борбата против новиот коронавирус и ги повика граѓаните да не упропастат се што досега е постигнато во сузбивање на епидемијата.
Во Австрија утре се отвораат продавниците што имаат површина од 400 метри квадратни, а продавачите и купувачите ќе мора да носат маски.
– Ја задржавме стапката на новозаразени на досегашното ниво, со денови се регистирани повеќе оздравени отколку заболени, ќе биде голем предизвик за сите, посочи Ансшобер.
Австрија има 8,8 милиони жители, а денеска се регистрирани 13.942 инфицирани лица со Ковид-19, од кои 7.343 оздравеле, а 36 починале. Бројот на хоспитализирани лица од илјада се намали на 981, вклучително и 239 кои се на интензивна нега.