– Февруари годинава е забележан раст на бројот на туристите и на ноќевањата. Кај туристите во однос на февруари лани има зголемување за 8,3 отсто, а кај ноќевањта 3,4 отсто. Зголемување на бројот на туристи е забележан вкупно во првите два месеца од годинава за 10,6 отсто.
Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, во февруари година бројот на туристи изнесува 47 288, а бројот на ноќевања изнесува 94.883.
Кај домашните туристи е забележан раст за 6,2 отсто, а кај странските туристи 9,5 отсто. Домашните туристи, според објавените податоци имале за 0,9 отсто повеќе ноќевања во однос на феврури лани, а кај странските туристи за 5,2 отст
За првите два месеца, статистичките податоци, покажуваат зголемување на бројот на туристи за 10,6 отсто, при што кај домашните зголемувањето е за 3,4 отсто, а кај странските има зголемување за 15,3 отсто.
Во периодот јануари – февруари 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.2 отсто и тоа кај домашните туристи има зголемување за 1,2 отсто, а кај странските има зголемување за 8,4 отсто.