(видео) Немири избија во Брисел и покрај строгиот режим на движење поради Ковид-19

Белгискиот радиодифузер РТБФ во неделата објави дека најмалку 43 лица биле уапсени за учество во немири што избувнале во бриселската населба Андерлехт.

Немирите почнале по смртта на 19-годишно момче, идентификувано како Адил, кој со скутер се забил во полициски автомобил во петокот откако избегнал проверка на полицијата.

https://twitter.com/ohboywhatashot/status/1249027482101186567

По инцидентот, луѓето се собрале на протест и покрај строгите мерки за ограничено движење.

Според Патрик Евенпоел, началник на полицијата за Андерлехт, полицијата не интервенирала се додека дел од демонстрантите не почнале да се вооружуваат со камења од блиското градилиште. Семејството на Адил соопштило дека тие во никој случај не се одговорни за протестот и ги повикалелуѓето да се смират.

Смртта на младиот човек е под истрага на полицијата.

Во услови на континуирано ширење на пандемијата на коронавирус, земјите воведоа различни мерки за нејзина контрола, вклучително и строги режими на движење и дозволи за патување. Заклучно со денес, во Белгија има вкупно 28.018 потврдени случаи на коронавирус и 3.346 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави