Вујовиќ: Со буџет каков имаат кошаркарите од Ц.звезда ќе бидеме евопски шампиони

Поранешните тренер на македонскиот, регионалниот и европски машки ракометен првак скопски Вардар, Веселин Вујовиќ смета дека системот на раководење со српскиот ракомет е најголем проблем што екипите и репрезенатцијата од оваа земја која има плејада врвни ракометари неможе да направи резултати. Вујовиќ кој сега го предводи хрватскиот првак ППД Загреб, смета дека со буџет каков има кошаркарскиот клуб Црвена звезда може да направи тим кој ќе се бори за европската титула.

-На Србија бадијала и е да ги спои сите тренери од калибарот на Червар, Онеста, Ривера.. и да не набројуван панатаму. Каков сакаат тренер наека ангажираат додека не разберат што треба да направат неможата ништо да постигнат. Раководставото не смее да му се меша во работата на тренерот кому ќе му укаже доверба. Политика од кафеана не треба да се води, туку да се работи.  Треба стручни луѓе кои ја разбираат работата – вели Вујовиќ за Балкан хендбал и има свој коментар за изјавата дека кошаркарите на Црвена звезда имале најмал буџет во Евролигата.

-Јас сум навивач на Црвена звезда. Во една прилика кажав да ми дадат буџет каков имаат кошаркарите на Црвена звезда, ќе направм тим и ќе бидеме прваци на Европа. Тие пари од 8,5 милиони евра можеби не се доволни во кошарката за да се достигне врвот, но да ги има ракометниот клуб ќе биде првак. Со ова сакав да кажам дека парите треба да се насочат онаму каде што ќе има успех и добивка. Сигурен сум и можам да потпишам дека „Арената“ во Белград ќе биде исполнета ако ракометарите играат решавачки меч за пласман на Ф4 турнирот од Лигата на шампионите, додава поранешната југословенска ракометна легенда.

 

 

Треба да знаете
Последни објави