Директорот на Судска медицина за починатата велешанка: Точно определено време на смрт има само на филм

Апсолутно точно време на смрт има само на филм, изјави за „МКД.мк“, Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина од каде што треба да одговорат кога починала велешанката на која и е откриен коронавирус, а која беше пронајдена мртва заедно со синот.

Во јавноста се појавија и информации дека жената е можеби почината пред 3 месеци повикувајќи се на обдукциониот наод, што ги подгреа шпекулациите дека Ковид-19 бил присутен во нашата држава уште во јануари.  Министерството за здравство ги демантираше информациите дека мајката и синот биле починати пред три месеци и посочија дека засега се знае само дека жената била почината повеќе од една недела.

-Секогаш се дава одговор за минималниот и максималниот постмортем-период. Утврдувањето на времето на смртта се врши врз основа на промените на телото што се случуваат по смртта. Брзината на развивање на тие промени зависи од многу фактори и при одредувањето на времето на смртта: причината за смрт, амбиенталната температура, дали телото е голо или облечено, влажноста на воздухот, присуството на инсекти, телесната конституција и многу други…, вели  д-р Станков, кој смета дека не е можно некој од лицата кои вршеле увид да ѝ го пренел вирусот.

Целиот текст прочитајте го на „МКД.мк

 

Треба да знаете
Последни објави