Либиската Меѓународно призната влада тври дека соборила два авиона и хеликоптер на армијата на генерал Хафтар

На прес конференција, полковникот Мухамад Кануна изјави дека воздушните одбранбени сили на ГНА ги пресретнале авионите на Хафтар во подрачјето Абу Граин и собориле два авиона „Винг лонг”, од кинеско производство, и еден руски хеликоптер „Ми-35″.

„Ал Џазира” информира дека во судирите погинале девет војници на ГНА и повеќе од 30 војници лојални на генералот Хафтар, вклучувајќи и еден дел судански и чадски борци.

Извори за телевизијата, исто така, соопштија дека силите на ГНА во нападите врз Либиската национална армија (ЛНА) на генералот Хафтар, употребиле беспилотни летала.

Треба да знаете
Последни објави