Нацистичко и кинеско знаме со „Ковид-19“ истакнати на комуникациска кула во Мелбурн

Нацистичко знаме и неколку кинески знамиња на кои е напишано „Ковид-19“ беа истакнати на врвот на комуникациската кула „Телстра“ во Кијарам, северно од Мелбурн, во неделата, пренесува Еј-би-си њуз.

Се верува дека знамињата биле закачени во текот на ноќта и се вееле над градот најмалку 48 часа пред да бидат отстранети.

Комисијата за антидефамација го чинот одвратен, посочувајќи декака во Австралија сè уште има поединци кои отворено ја слават сатанистичката идеологија на Хитлер.

Полицијата го истражува инцидентот, а во меѓувреме ниту една група или лице не ја презеде одговорноста за него.

Треба да знаете
Последни објави