Пациент од Заводот за рехабилитација починал во болницата ГОБ „Свети Наум Охридски“

На 12.04.2020 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ од Завод за рехабилитација бил донесен З.С.(46) од Скопје, во лоша здравствена состојба, кој по направена реанимација, починал.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави