Приведен скопјанецот кој го уби татко си пред Клинички

Полицијата го уапсила Д.А.(24) од Скопје осомничен дека го убил својот татко пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, информираше МВР.

Засега не е познато што е мотивот за убиството.

Според полицијата, осомничениот околу 23.15 часот на улицата Бигла во Скопје, при семејна расправија со нож му нанел повеќе убодни рани на својот татко С.А.(55), од кои тој починал на местото на настанот. Предметот со кој е извршено делото е обезбеден. По документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти полицијата.

Треба да знаете
Последни објави