Во Австралија, од денеска илјадници медицински работници доброволно примаат бесеже вакцината, за да може во иднина да се види дали најновите научни сознанија навистина докажуваат дека вакцината против туберколоза во голема мера штити и од корона вирусот. Клинички испитувања за дејството на бесеже, на околу 1000 здравствени работници веќе почна и во Холандија, а резултатите се очекуваат за три до шест месеци. Давање на вакцината на населението не се препорачува додека не се утврдат можни нус појави.
Најновата студија на научници од Ирска и од САД, покажува дека во државите каде се спроведува имунизација со бесеже вакцини, популацијата помалку се заразува и има помалку смртни случаи…
Преземено од faktor.mk