Шведската црква изложена на критики откако побара пакети помош за мигрантите

Високи верски водачи во Шведска ја повикаа владата да обезбеди помош за барателите на азил во екот на пандемијата со Ковид-19, предизвикувајќи гнев кај Швеѓаните кои тврдат дека апелите за христијанско добродетелство не се однесуваат на граѓаните на земјата, пренесува РТ.

Во колумна објавена во весникот „Експресен“, надбискупот Антје Јакелен и другите членови на Христијанскиот совет на Шведска истакнаа дека сите луѓе се создадени од Бога поради што политичарите вовеле мерки за спасување на недокументираните мигранти, за кои се тврди дека се особено ранливи на коронавирусот.

Јакелин ги спомена и барателите на азил, мигрантите на привремена работа, мигрантите што чекаат депортација и бездомниците.

Иако Шведска избегна строг режим на движење во целата земја, преземените дејствија за да се намали ширењето на коронавирусот создадоа длабока неизвесност за оние што бараат азил во земјата, тврди советот.

Иако во писмото не се навлегува во детали за помошта, идејата да се обезбедат владини средства за мигрантите предизвика критики кај Швеѓаните. Колумната предизвика реакција на социјалните мрежи, при што луѓето ја повикаа Јскелин наместо мигрантите, да ги заштити старите лица, кои се најтешко погодена категорија.

Некои дури отидоа дотаму што ја нарекоа „Антјехрист“, игра на зборови со нејзиното име. Други, пак, како што е весникот „Фриа Тидер“, го опишаа пелот како „барање пари за корона“.

„Црквата на Шведска има големо богатство. Што ја спречува да им подели пакети за поддршка на овие групи? “, праша еден критичар на предлогот.

Друг ирититан критиќар рече дека црквата се чини позагрижена за благосостојбата на странските мигранти отколку за родените Швеѓани.

Поддржувачите на идејата рекоа дека Црквата на Шведска ги штити ранливите, без оглед на возраста, националноста или расат“. Фокусот на оваа добротворна акција – и кој ќе плати за тоа – сепак предизвика многу гнев.

Црквата на Шведска се најде во центарот на низа поларизирачки контроверзии. Во декември, една црква во Малме го откри новиот олтар на кој беа претставени геј парови. Црквата дури се залага за родово неутрален јазик кога зборува за Исус.

Треба да знаете
Последни објави