Јункер: Дозволивме повторно да избувне конфликт меѓу Северот и Југот

Поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го истакна недостатокот на солидарност меѓу северните и јужните членки на ЕУ во кризата предизвикана од епидемијата на коронавирусот.

„Сега, без никаква потреба, дозволивме повторно да избувне конфликт меѓу Северот и Југот. Ништо не научивме“, рече Јункер за „Политико“.

Тој оцени дека начинот на кој холандскиот министер за финансии, Вопке Коестра се изразил за Италија, повторно го разгорува конфликтот меѓу Северот и Југот“, алудирајќи на неговиот повик ЕУ да провери зошто некои земји немаат финансиски средства за да се справат со економскиот шок предизвикан од коронавирусот.

Јункер не сакаше да шпекулира дали е соодветна големината на економскиот пакет за помош во криза договорен од министрите за финансии на ЕУ, велејќи дека сака да почека прашината да слегне.

„Но, договорот за релативно амбициозен пакет по тешките обиди за постигнување договор, може само да се поздрави“, вели тој, додавајќи дека уште еден неуспех „би бил удар за европската идеја“.

Тој, исто така, рече дека очекува многу поголем буџет на ЕУ за периодот 2021-2027 година кој би бил вистински инструмент за економската криза.

Во исто време, Јункер го критикува слабиот одговор на Брисел на одлуката на унгарскиот парламент да и дозволи на владата на премиерот Виктор Орбан да владее со декретот без временски рок.

Кога станува збор за стандардите за владеење на правото, важно е да се зборува со отворен и јасен јазик, заклучи Јункер.

Треба да знаете
Последни објави