Предводникот на рок-групата „Ју-ту”, Боно Вокс ја користи својата популарност, па низ целиот свет бара помош и опрема за ирските болници.
Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин добил писмо од пејачот, каде што го моли за заштитна облека и тестови за коронавирус. Тие двајца се запознале лани, кога ирскиот бенд имаше концерт во Јужна Кореја.
Како што објави „Гардијан”, Боно остварил комуникација и со директорот на Епл – Тим Кук и основачот на интернет-страницата Алибаба – Џек Ма, со истата молба.
Самите музичари од групата претходно ветија донација од 10 милиони евра за болничарите во Ирска.
Во земјата досега има околу 10.000 заболени од коронавирусот и над 330 починати.