Соопштение до јавноста- реакција на соопштението на СДСМ
„Македонската економија е во колапс, а владата на СДСМ не презема ништо.
Неспособната влада на СДСМ со „помошта“ која ја нуди на стопанството е несериозна во однос на последиците кои што ни следуваат.
Првичните анкети и анализи велат дека секој петти граѓанин на Република Македонија добил привремен отказ, што значи дека во моментов над 100 илјади граѓани се оставени без приход.
Додека владата тврди дека ќе бидат поддржани дури 250.000 вработени или повеќе од 35.000 компании, во реалноста граѓаните се сведоци дека многу мал број на фирми аплицираат за мерките.
СДСМ буквално нема идеја и план што со себе, а не пак со државата.
Македонија со секој поминат ден со СДСМ само тоне. СДСМ е партија која ја враќа транзицијата и олигархијата, но овој пат тоа нема да им успее.“