ВМРО-ДПМНЕ: Фабриката за лажни вести и во овие тешки моменти е на Бихаќка

Соопштение до јавноста – реакција на соопштението на СДСМ

„Фабриката за лажни вести и во овие тешки моменти за македонскиот народ и држава е на Бихаќка. Од фабриката на СДСМ за лажни вести секојдневно се пласираат нови производи со единствена цел манипулација на македонските граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш верува во сопствениот народ и во неговата способност да пресуди што е вистина, а што лага.

ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на кризата нуди решенија на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и апелираше да се превенира поголема катастрофа како на економски така и на здравствен план во Република Македонија.

Како владеачка партија наместо штури соопштенија во СДСМ време е да се позанимаваат со состојбата во државата која е повеќе од сериозна. Македонија колабира како на економски така и на здравствен план. Од ден во ден се поголем е бројот на починати и заболени пациенти од опасниот коронавирус, но и бројот на наши сограѓани кои се оставени без приход.

Првичните анкети велат дека над 100 илјади граѓани имаат добиено привремен отказ од почетокот на кризата, а бројката се очекува и натаму да расте. Наместо да продаваат демагогија време е на Бихаќка да ги засукаат ракавите и барем еднаш интересот на граѓаните да го стават пред партискиот.

 

 

 

Треба да знаете
Последни објави