Во Германија за 24 часа починале 170 луѓе од ковид-19, бројот на нови случаи паѓа

Бројот на починати од коронавирус во Германија се зголеми на 2.969, објави Институтот „Роберт Кох“.

Во соопштението се вели дека вчера починале 170 луѓе.

Институтот посочува дека бројот на новозаболени се намалил, по четири дена во текот на кои е забележан тренд на забрзување на ширењето на вирусот.

Вкупниот број заразени во Германија е 125.098, што е за 2.082 повеќе од завчера.

Треба да знаете
Последни објави