Бројот на заразени со коронавирус во светот се приближува до 2 милиони, а бројот на жртви до 120.000, според податоците кои ги објави Универзитетот „Џон Хопкинс“ и порталот „Ворлометер“.
Вкупно заразени се 1.920.918 луѓе, а од последици на епидамијата починаа 119.686 лица, се податоците на „Џон Хопкинс“. Но, според табелата на „Ворлдометер“ бројките се поголеми: вкупно 1.925.877 заразени, а починати 119.719 лица.
САД го држат првото несреќно место по бројот на заразени – 587.173, а починати 23.644. Вчера во САД биле забележани 1.509 починати во еден ден, речиси ист број како и претходниот ден.
Италија исто така надмина 20.000 починати, а бележи 159.000 случаи на заразени. По бројот на случаи се најде зад Шпанија, која пак има 170.000 меѓу кои и 17.756 починати.
Сојузната држава Њујорк, жариште на епидемијата во САД, вчера го надмина бројот од 10.000 починати од Ковид-19. Нејзиниот гувернер. Ендру Куомо сепак оцени дека најлошиот дел од кризата поминал, зошто бројот на пациенти починати во болница значително опаѓа.