Во Словенија се потврдени само осум новозаразени со коронавирусот, со што продолжува трендот на мал број инфицирани, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Од сите заразени моментално на болничко лекување се наоѓаат 103 пациенти, а на одделите за интензивна нега на третман се примени 35 лица.
Поради Ковид-19 во изминатото деноноќие почина уште еден пациенти, со што вкупниот број од почетокот на епидемијата сега изнесува 56.