Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се девет нови смртни случаи, 7 мажи и две жени, на просечна возраст од 69 години, со што вкупниот број на починати изнесува 94 лица, со смртност во однос на заразените од 2,01 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 2440 лица, од кои позитивни на вирусот се досега најмногу случаи, 411 лица со што вкупно заразени во Србија има 4465 лица, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, докторката Дарија Кисиќ.
Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 23.398 лица.
Во Ковид болниците вкупно се хоспитализирани 3006 пациенти, од кои 131 лица се со влошена клиничка слика и ставени се на респиратор, кажа Кисиќ.
Во карантин за полесните случаи на епидемијата, на Белградскиот саем сместени се 398 лица, во Ниш во спортскатa сала Чаир и хотелот Ценротурист има 221 лица, а во Студенскиот дом 170 лица, додека на Новосадскиот саем има 176 пациент.
На прес конференцијата беша кажано дека од 4936 здравствени работници, позитивни на вирусот се 533 лица, додека 1062 чекаат на резултатите од тестирањето.
Во установите за социјална заштита и старечките домови, вкупно 208 лица се позитивни на вирусот и 30 вработени.
-Епидемиолошката линија, со оглед на вчерашниот и денешен зголемен број на заразени и починати, и покрај превземените мерки, како и поединечните случаи (Геронтолошкиот центар во Ниш), говорат дека епидемијата од ден на ден може да се менува, изјави Кисиќ, додавајќи дека „ова не го очекувале и дека ова е предупредување поради кое не смее да се опуштиме.”
Епидемиологот Предраг Кон, оцени дека според бројот на тестирани, епидемијата во јужниот дел на Србија–Ниш, Лесковац, Прокупље, Врање е поактивна отколку во Војводина, каде ситуацијата почнува да се смирува.
Тој изјави дека на својот фејсбук налог напишал дека се повлекува од местото во владиниот кризен штаб поради грубите критики на јавноста упатени кон него, но и поради ставот и барањето на СПЦ да им се дозволи на верниците за Велингденските празници присуство на литурии, со што се негираат сите превземени мерки, но по „силната” подршка од претседателот Александар Вучиќ, тој решил да не се повлекува.
На прес конференцијата здравствените стручњаци во врска со барањето на СПЦ за укинување на забраната за движење за Велинден од 8-10 часот, го оценија како „висок ризик за кој немаат компромис.”