Грузија/Ковид-19: Четирите најголеми градови од утре ќе бидат затворени

Грузија ќе изолира четири главни градови за 10 дена, вклучувајќи го и главниот град Тбилиси, од утревечер во 21 часот утре вечер во обид да го спречи ширењето на заразата со новиот коронавирус. Тоа го најави денеска премиерот Гиорги Гахарија.

Премиерот рече дека вонредната состојба ќе биде продолжена до 10 мај.

Освен Тбилиси, ќе бидат затворени и градовите Батуми, Кутаиси и Рустави.

Поради пандемијата, од 21 март до 21 април, Грузија е во вонредна состојба. Две области во државата – Марнеулски и Болниски – се прогласени за строга карантин-зона и забрането е влегување и напуштање.

Слободното движење е забрането во земјата од 31 март, а полицискиот час е од 21 часот до 6 часот наутро.

Според последните податоци, во Грузија има 296 случаи на заразени со новиот коронавирус. Повеќе од 4.800 луѓе се во карантин, а 458 се хоспитализирани.Тројца починаа од Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави