Данска планира укинување на дел од ограничувањата

Данската Влада планира кинување на некои ограничувања побрзо од очекуваното, бидејќи бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 продолжува да опаѓа. Тоа го изјави денеска премиерката Мете Фредериксен.

Како прв чекор во постепено олеснување на ограничувањата, што траеше еден месец, е утрешното повторно отворање на градинките и училиштата за деца од прво до петто одделение.

Сепак, поединци ја критикуваат Владата дека се уште остануваат затворени ресторани, кафулиња…

– Нашата работа како влади не е да се грижиме за интересите на одредена група, туку да најдеме избалансирано решение што е добро и во однос на здравјето и што обезбедува значително подобри услови за работа, рече Фредериксен на прес-конференцијата.

Во Данска, вкупно 299 луѓе починаа од коронавирусот додека бројот на хоспитализирани лица постојано се намалува во изминатите две недели.

Треба да знаете
Последни објави