Министерот за надворешни работи на Словенија Анже Логар е повика во Комисијата за надворешни работи на Собранието, да го објасни писмото кое Владата го испрати до Советот на Европа, во кое пишува дека најголем дел од медиумите во Словенија потекнуваат од „комунистичкиот режим”.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Логар пред пратениците кажа дека можеби има замерки на стилот, но не и на содржината на писмото.
– Моето мислење е дека писмото можеше да се напише и поинаку, но се согласувам со содржината. Јас ќе ве прашам вас. Што во тој текст не е точно? – праша Логар.
Опозициските партии настапија здружено на комисијата со големи критики за министерот од кога побараа и оставка. Тие се на став дека со ваквите писмо се нарушува меѓународниот углед на државата и новинарите.
Инаку, писмото пред повеќе од еден недела го испрати Владата на Јанша од Советот на Европа како одговор на критиките дека тој и неговата Влада прави притисок врз новинарите и медиумите.
На содржината на писмото реагираа и речиси сите словенечки здруженија на новинарите, но и голем број политичари.