И во време на сериозна здравствена криза ВМРО-ДПМНЕ со лажни вести и манипулации очајно се обидува да профитира на грбот на граѓаните

И во ова време на сериозна здравствена криза, со која се соочува нашата држава и целиот свет, ВМРО-ДПМНЕ не може да го напушти партиското профитерство и се обидува на грбот на граѓаните и нивното здравје да заработи ситни политички поени.
Додека сите институции, здравствени работници, државни службеници, вработени во полицијата и војската, сите се борат против коронавирусот, само ВМРО-ДПМНЕ стои отстрана и тера политикантство и популизам.
Деструктивноста, лажните вести што секојдневно се пласираат од белиот дворец се опасни по здравјето на граѓаните.
Лажеа за тестовите за коронавирусот и манипулираа за заштитната опрема на здравствените работници  со единствена цел да создадат страв и недоверба кај граѓаните.
Во целиот овој период не понудија ниту една идеја, не дадоа ниту еден предлог за тоа како полесно и побрзо да се надмине здравствената и економската криза.
Единствено што им текна е да ги земат личните пари на граѓаните од вториот пензиски фонд, исто онака како што правеа додека 11 години беа на власт. Но затоа, од партиските пари не се откажуваат по ниту една цена.
Во ова време кога целиот свет се справува со заканите од коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ на дело го покажува сето свое лицемерие. Оваа партија не се грижи за иднината на граѓаните и на државата, туку единствено се грижи како да го заштити криминалот и да ги зачува украдените пари. Тоа е истата матрица на бегалецот Никола Груевски.
Таквото несериозно, лицемерно и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ го ценат граѓаните, кои многу добро знаат кој работи за заштита на нивното здравје, а кој очајно се обидува да профитира во време на сериозна здравствена состојба.
Треба да знаете
Последни објави