Карантинот во Индија продолжен до 3 мај

Индискиот премиер, Нарендра Моди, го продолжи карантинот за 1,3 милијарда граѓани во целата држава до 3 мај.

Бројот на заболени од коронавирус во Индија надмина 10.000, а починале 355 луѓе.

„До 3 мај секој Индиец ќе мора да остане во карантин. Барам од сите граѓани да го запреме ширењето на коронавирусот“, рекол Моди во телевизиско обраќање до нацијата.

Тој предупредил дека многубројни семејства ќе бидат уништени засекогаш доколку во следните недели луѓето не се придржуваат до мерките.

Индискиот премиер најави дека карантинот ќе важи за сите 36 држави и области.

Треба да знаете
Последни објави