Клупите во парковите и на јавните површини низ Општина Центар се покриени со најлон, за да неможат граѓаните да се групираат во период на засилени мерки во борбата против пандемијата од коронавирусот.
Сликите се појавија по социјалните мрежи, а од Општината соопштија дека ова се прави за поголема безбедност токму по здравјето на граѓаните. Со новите мерки ќе придонесат во спречување на дополнителното ширење на вирусот.