Наезда на стаорци во САД, опасност од заразни болести

Дури и стаорците кои се едни од најотпорните видови во природата, почнаа да водат брутална војна за да ја преживеат пандемијата на коронавирусот. Тие воедно станаа и голема опасност по здравјето на луѓето, бидејќи поради недостиг на храна, тие би можеле да се прошират по домовите и луѓето да ги заразат со некоја од 55 болести кои ги пренесуваат, пишува „Њујорк тајмс“.

Како што се додава во весникот, поради затворање на бројни ресторани, мали бизниси, стаорците се соочени со недостиг на храна, стануваат калибани, па станува јасно дека сегашната економска ситуација е погубна и за нив.

Треба да знаете
Последни објави