Облачно со дожд и ветер, температурата до 20 степени

– Времето денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен југозападен ветер, кој кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и во текот на ноќта ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната од 14 до 20 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд, кога ќе дува засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Треба да знаете
Последни објави