Од коронавирус заболен е 121 здравствен работник во државава

Во нашата земја 121 здравствен работник е заболен од коронавирус, според податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Според последните информации, вкупниот број на заболени достигна 854 случаи. Според местотото на живеење случаи се регистрирани во 19 градови низ државата, а најголем дел од нивво Скопје и Куманово, додека највисока смртност во Струга и Тетово.

Меѓу заболените 399 се машки, а 455 женски лица. Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години. Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 184.

Од пријавените случаи, 23,2% се или биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле или се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (63,9%), кашлица (57,8%), слабост (34,2%), треска (18,9%), болка во грло (15,3%), отежнато дишење (15,0%) и главоболка (12,3%).

Кај 261 или 30,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во однос на коморбидитети, кај 242 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 161 лица имаат кардиоваскуларна болест, 50 лица се со хронична белодробна болест, 50 со дијабет, 15 со хронична бубрежна болест и 37 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 100 се присутни коморбидитети.

Според исходот од заболувањето, кај 753 лица се активни случаи, 44 случаи се водат ако оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 38 смртни случаи. Најголем дел се на возраст над 60 години. Од починатите, кај 29 (76,4%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 85 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 505 лица имале контакт со веќе потврден случај на Ковид-19 во државата.

Од 15 февруари тестирани се вкупно 8.552 материјали.Со ова во Северна Македонија се направени 4.133 теста на 1.000.000 жители.

Од позитивните случаи, регистрирани се 1.830 контакти кои се следат или беа следени во период од 14 дена.

Треба да знаете
Последни објави