Пандев поради пролонгираното ЕП одлучи да игра уште една сезона

Еден од најдобрите македонски фудбалски интеранционалци, капитен, прв стрелец во државниот дрес и играч со најмногу настапи во националниот тим Горан Пандев (36 г.) планира да игра уште една година. Во последната сезона сака да ја оствари големата желба со Македонија да настапи на завршница на европскиот шампионат, што досега во нецелата тридецениска самостојност не и успеа на ниту една генерација. Пандев планираше да престане со активното играње фудбал на крајот од сезоната и евентуалниот настап на јубилејнот ЕП-2020 кое требаше да се игра ширум стариот континет, но откако истото УЕФА го одложи за идната година поради пандемијата со коронавирусот и макеоднскиот капитен ја пролонгира својата одлука за уште една сезона.

-Сакав да и помогнам на Џенова да се спаси од миспаѓање, а со Македонија да се пласирам на ЕП. Коронавирусот смени буквално се. Дефинитивно, сакам да играм уште една година, вели за италјанските медиуми Пандев.

Договорот со Џенова му завршува на крајот од сезонава, но нема да има проблеми истиот да го продолжи, откако покажа лојалност кон италјанскиот калчолигаш во текот на јануарскиот преоден рок.

-Ми се јавија од мојот поранешен клуб Интер на кој му должам се за мојата трофејна кариера. На шега им одговорив: Па најдете некој помлад од мене. Ми понудија договор на шест месеци, а потоа и останување во клубот на некое директорско место. Сепак, знаев дека не е добро да ја оставам Џенова во период кога се бори за опстанок во елитата. Затоа и решив да останам и не зажалив за одлуката, вели македонскиот интеранционалец кој речиси целата своја играчка кариера ја мина во Италија со еден кус излет до Турција.

Искусниот Пандев по завршувањето на кариерата нема намера да се занимава со тренерската професија, но ќе остане во фудбалот во некоја извршна функција.

Треба да знаете
Последни објави