Во Италија, по неколкунеделна блокада поради пандемијата на коронавирусот, во која животот го загубија повеќе од 20.000 луѓе во земјата, од денес постепено почнуваат отворањата, и покрај спротивните ставови на регионалните лидери.
Од денес, покрај продавниците со прехранбени артикли и аптеките, ќе работат и продавници како што се книжарници и продавници за детска облека.
Во Италија, рестриктивните мерки што го ограничуваат движењето на луѓето се продолжени до 3 мај, меѓутоа, првиот чекор по римокатоличкиот Велигденски понеделник, 13 април, се однесува на постепените деловни активности и оваа одлука наиде на спротивставени ставови на лидерите на одделни регии.
Лидерите на Ломбардија и Пиемонт, кои се меѓу најтешко погодените региони од вирусот „ковид-19“, се меѓу оние кои се спротивставија на одлуката на италијанската влада, па книжарниците и продавниците за хартија и понатаму ќе бидат затворени во тие региони.
Според новиот правилник што стапува во сила во Венето, граѓаните задолжително треба да носат заштитни маски и нараквици, или да имаат гел за дезинфекција со нив надвор од својот дом, дозволено е да се занимаваат со спортски активности во непосредна близина на нивниот престој.