Корона вирусот е тежок, апелирам граѓаните да се чуваат и да ги почитуваат мерките, вели пратеничката од СДСМ, Кети Смилеска од Прилеп, објави „Нова Македонија“.
Таа истакна дека сега е во подобра здравствена состојба. Смилеска реши јавно да проговори со цел да апелира граѓаните да се свестат и да ги почитуваат мерките и да се чуваат.
– Ги почуствував сите симптоми од вирусот. Во саботата ми беше многу тешко и бев хоспитализирана во прилепската болница. Сега сум подобра. Им благодарам на здравствените работници за пружената лекарска помош, изјави Смилеска по телефон, потецирајќи дека нејзиното семејство е добро.
Таа вели дека не знае како се заразила.
.
– Бев претпазлива, ама не знам како сум се заразила. Ги почитував сите мерки за заштита. Прво не можев да поверувам дека ми се случи заразата. Беше шок. Затоа апелирам, граѓаните да се штитат, да ги почитуваат мерките и да се грижат не само за своето, туку и за здравјето на своите блиски, оти коронавирусот е многу тежок – ни изјави Смилеска.