„Пред и потоа“ фото споредби – Првпат во стотици години, Ерусалим празен за католичкиот Велигден

Велигден е еден од најголемите христијански празници, а огромен број верници го прославуваат во Ерусалим.

Секоја година, стариот град во Ерусалим е преплавен со верници, кои симболично го изодуваат патот по кој се верува дека чекорел Исус пред да биде распнат.

Но, како и речиси сите градови ширум светот, корона вирусот го затвори и Ерусалим. Па, на најважниот христијански празник, градот беше пуст.

Католиците го прославуваа Велигден во неделата, на 12-ти април, но поради новонастанатата ситуација, огромен дел од нив прославуваа дома.

Фотографиите направени вo 2018, 2019 и годинава за време на празникот, многу добро го прикажуваат влијанието на пандемијата…

Преземено од crnobelo.com

Треба да знаете
Последни објави