Приведени 67 лица за прекршување на полицискиот час

Во текот на изминатото деноноќие (13/14.04.) на територијата на Република Северна Македонија на 109 лица им се издадени решенија за изолација, а 140 лица потпишале изјави за самоизолација. Притоа, во рамки на редовните полициски контроли кај лица во изолација и самоизолација не се евидентирани лица кои не ги почитувале овие мерки.

Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа, документирано е дека 98 лица не ја почитувале забраната за движење, од нив приведени се 67 лица, а за останатите земени се податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Треба да знаете
Последни објави