Синдикатот на РЕК Осломеј донираше 35 трајни заштитни скафандери за медицинскиот персонал во Брзата помош при Ургентниот центар во Кичево.
– За вработените во Брзата помош, Синдикатот донираше и ракавици, маски и дезинфикциони средства за раце со цел безбедно пружање здравствена услуга на граѓаните на Кичево преку заштита и на пациентите и на медицинските лица, се вели во соопштението од АД ЕСМ.