Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Според најновите податоци, во светот има 1.947.855 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 121.793 луѓе, а оздравеле 460.229.

– Од новиот коронавирус во Шведска досега починаа 1033 луѓе, а заразени се 11.335, соопштија денеска здравствените власти.

– Уставниот суд на БиХ следната недела ќе одлучува по жалбите на граѓани дека властите им ги повредиле нивните права со забраната за движење поради епидемијата на коронавирус, најави денеска претседателот на судот Златко Кнежевиќ. Федерацијата БиХ воведе забрана за движење за лица постари од 65 и за помлади од 18 години.

– Во Белгија, во последните 24 часа починаа 254 луѓе, додека 530 се новозаразени. Бројот на починати од Ковид-19 во таа земја се 4.157, јави Би Би Си.

– Министерството за здравство на Велика Британија соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 778 лица, со што смртниот биланс се зголеми на 12.107.

– Околу половина од смртните случаи во Европа од Ковид-19 се евидентирани во домови за нега на стари и изнемоштени лица, но голем дел од нив не се внесени во официјланите податоци, или воопшто не се забележани како случаи поврзани со пандемијата, оценија експерти.

– Во последните 24 часа во велика Британија се евидентирани 778 случаи од коронавирус, јави Дејли меил.

– Мери Лу Мекдоналд, претседателка на ирската политичка партија Шин Фен е позитивна на коронавирус, јави Гардијан.

– Во Холандија нови 122 смртни случаи и 868 новозаразени, во однос на претходниот ден.

– Италија денеска дозволи повторно да бидат отворени некои продавници, како што се оние за детска облека и книжарници.

– Околу две третини од вработените во БиХ, кои се и натаму во работен однос, се уште прима целосна плата како и порано, додека 33 отсто од нив добиваат личен приход значително помал отколку пред пандемијата на коронавирус, покажува истражувањето спроведено од сараевскиот портал „МојПосао”. Со истражувањето опфатени се 2.500 испитаници, од кои 67 вработени, а 33 проценти се без работа.

– Во Србија најмногу починати од Ковид-19 се на возраст од 60 до 69 години, односно 29 од вкупно 94 смртни случаи, соопшти заменичката директорка на Институтот „Батут” Дарија Кисиќ Тепавчевиќ. Просечна возраст на починатите е 64,5 години.

– Рускиот премиер Михаил Мишустин разговараше со францускиот колега Едуар Филип за соработка на двете министерства за здравство ово областа на истражување лекови и вакцина против коронавирусот, соопшти прес службата на руската Влада.

– ЕУ ја очекува првата испорака, во рамки на нововоспоставениот систем, на стратешки залихи од медицинска опре,а. Станува збор за 150 респиратори платени од ЕУ буџетот, а кои ќе бидат проследени во земјите каде се најпотребни, соопшти Европската комисија. 

Треба да знаете
Последни објави