Тедрос: Критериуми на СЗО за ублажување на мерките против коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО)  ги предупреди државите ширум светот да не ги укинуваат прерано мерките што се воведени заради спречување на ширењето на Ковид-19.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус наведе неколку неопходни критериуми до кои земјите треба да се држат при разгледување на укинувањето на мерките на (физичка) социјална дистанца, пренесоа светските медиуми.

Првиот критериум е преносот на вирусот  да мора да биде под контрола, а вториот е дека треба да попстојат капацитети на здравствениот систем за откривање, изолација и лекување на пациентите.

Третиот критериум е ризикот од зараза во болниците и старските домови да се сведе на минимум, а четвртиот дека превентивните мерки мораат да бидат во сила и во училиштата и на работните места, наведе Тедрос.

Тој истакна и дека ризикот од увоз на болеста од странство треба да биде под контрола.

Треба да знаете
Последни објави