Претседателот на САД, Доналд Трамп ќе објави неколку „клучни” соопштенија за рестартирање на економијата на државата во наредните два или три денови. Тоа го изјави денеска советникот за економија во Белата куќа, Лери Кудлоу.
– Во текот на следните неколку дена, тој ќе има многу важни најави поврзани со наредбите за социјално дистанцирање, изјави Кудлоу за „Фокс Бизнис Нетворк”.
– Ние сакаме да ги вратиме луѓето на работа. Сакаме да го сториме тоа што е можно побрзо и да им биде заштитено здравјето. Ова треба да се земе предвид од податоците на нашите експерти за здравствена заштита, рече советникот за економија на Белата куќа.