Тричковски посакува смрт на Мицкоски, a Заев ниту еднаш не се огради од континуираниот говор на омраза на провладиниот колумнист

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза на Бранко Тричковски во кој тој посакува смрт на Христијан Мицкоски.

Таквиот најнов говор на омраза е само пресликување на свеста и очајот во кој се наоѓа СДСМ и владејачката гарнитура. Говорот на омраза на Тричковски директно е стимулиран, помаган и инструиран од СДСМ и Зоран Заев кој ниту еднаш не се огради од континуираниот говор на омраза на провладиниот колумнист Тричковски.

Неговото сеење на омраза е приказ на состојбата на СДСМ која го губи тлото и дезориентирано се однесува во време на најголемата здравствена и економска криза.

Наместо да спасува животи и да ја помага економијата власта сее говор на омраза.

Бараме институциите на систем да го санкционираат таквиот говор на омраза кој само е продолжение на антисемитизмот инспириран од членови на СДСМ.

Бараме во овие тешки моменти за државата наместо со говор на омраза владата и СДСМ да се занимаваат со спасување на животи и спасување на уништената македонска економија. Тоа е поважно од сеење на говор на омраза.

 

 

Треба да знаете
Последни објави