Турција ги ослободува затворениците поради коронавирусот

Парламентот на Турција донесе закон со кој ќе се овозможи ослободување на десетици илјади затвореници од преполните затвори на кои им се заканува опасност од пандемијата на коронавирус.

„Нацртот стана закон откако пратениците го прифатија“, објави турскиот Парламент на својот официјален профил на „Твитер“.

Невладините организации го критикуваа текстот што не предвидува ослободување на затворениците осудени за „тероризам“, меѓу кои се и бројни новинари и претставници на политичката опозиција.

За законот гласале 279 пратеници, а 51 биле против, рече заменик-претседателот на парламентот, Суреја Сади Билгич.

Треба да знаете
Последни објави